Достапни линкови

Седум цивили убиени во авионски напад на НАТО во Авганистан


Илустрација.

Илустрација.

Седум цивили, од кои шест деца, биле убиени во авионски напад на НАТО во провинцијата Кандахар на југот на Авганистан, соопштуваат локални претставници. Гувернерот на провинцијата изјави дека цел на нападот биле Талибанци што поставувале мини на патиштата во областа, но бомбите ја промашиле целта и паднале во станбена област.

Сепак, тој рече дека во нападот биле убиени двајца Талибанци што поставувале бомби, „додека тројцата други избегале и се скриле во куќи на цивилите“, што биле бомбардирани.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи остро го осуди бомбардирањето.

Порптаролот на ИСАФ, пак, изјави дека цивилите биле убиени во престрелка меѓу милитантите и силите на НАТО.
XS
SM
MD
LG