Достапни линкови

Нови 36 волонтери од САД во Мировниот корпус во Македонија


Илустрација.

Илустрација.

Триесет и шест доброволци од 16-тата група на американскиот Мировен корпус ја завршија речиси тримесечната обука за служба во Македонија и денеска дадоа свечена заклетва на церемонијата што се одржа во Куманово.

На свеченоста присуствуваа амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс и министерот за образовение и наука Панче Кралев.

Директорот на Мировниот корпус во Македонија Стивен Катзи истакна дека семејствата-домаќини, како и општините кои биле центри на обуката одлично ги
прифатиле и оствариле одлична соработка со доброволците од Мировниот корпус.

Во име на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов на присутните им се обрати претставникот од кабинетот на претседателот Никола Ѓоргов. Тој информира дека претседателот Иванов донел одлука поради значајните јубилеи да го одликува Мировниот корпус со Орден за заслуги. Орденот на директорот на Мировниот Корпус, Арон Вилијам ќе му го додели македонскиот амабасадор во САД, Зоран Јолевски, на свеченост во САД.
XS
SM
MD
LG