Достапни линкови

Меркел и Саркози ќе предложат промена на европските договори


Претседателот на Франција Николас Саркози и германската канцеларка Ангела Меркел во Стразбур.

Претседателот на Франција Николас Саркози и германската канцеларка Ангела Меркел во Стразбур.

Лидерите на Франција и на Германија, Николас Саркози и Ангела Меркел, изјавија дека ќе предложат промени во договорите на ЕУ за да се обезбеди подобро економско владеење. Тие го најавија ова по разговорите со италијанскиот премиер Марио Монти во Стразбур. Тројцата разговарале за должничката криза во евро-зоната и стравувањата дека од малите периферни земји, должничката криза може да се прошири на големите економии во срцето на евро-зоната. Саркози рече дека најголемите економии во 17-члената еврозона, Франција, Германија и Италија, се залагаат за зачувување на заедничката валута. Ова е прв состанок на лидерите на Франција и на Германија со Монти, откако тој ја презеде премиерската функција во Италија.
XS
SM
MD
LG