Достапни линкови

Седум Авганистанци убиени во престрелка со Талибанците


Илустрација.

Илустрација.

Најмалку седуммина Авганистанци што работеле за приватна фирма за обезбедување биле убиени кога нивниот конвој што превезувал набавки за НАТО паднал во заседа на Талибанците во западен Авганистан. Локалните власти соопштија дека нападот се случил во провинцијата Фарах. Престрелката траела околу два часа и завршила откако интервенирала авганистанската полиција. Во престрелката не биле вклучени странски војници. Во нападот биле уништени 10 возила. Властите не знаат дали има загинати Талибанци.
XS
SM
MD
LG