Достапни линкови

Дваесетина кфоровци повредени во судири со Србите


Архивска фотографија: Блокади на патот во северно Косово.

Архивска фотографија: Блокади на патот во северно Косово.

Нови судири меѓу локалното српско население на северот на Косово и војниците на КФОР кои се обидоа да ги отстранат српските блокади.

КФОР соопшти дека 21 војници на НАТО биле повредени во судирите со демонстрантите во северно Косово во текот на ноќта. До судирите дојде откако војниците на КФОР тргнаа да ги отстранат блокадите на локалните Срби поставени да ги спречат косовските власти да воспостават контрола врз северот на земјата, претежно населен со Срби.

Портпаролот на КФОР Уве Новицки за Радио Слободна Европа во Приштина изјави:

„На полноќ се собраа повеќе демонстранти со три камиони и тргнаа кон војниците на КФОР. Демонстрантите употребија сила, фрлаа со камења и ги потиснаа војниците на КФОР истурајќи чакал од камионите. Силите на КФОР беа принудени да испукаат предупредувачки куршуми во воздух. Покрај тоа КФОР користеше солзавец и гумени палки за да се заштити.“

КФОР одлучи да ја прекине операцијата „за да спречи понатамошна ескалација на конфронтацијата и да се избегнат сериозни жртви на двете страни.“

Србите од северно Косово не ја признаваат декларацијата за независност на Косово што ја донесоа етничките Албанци во 2008 година.

Локалните Срби ги блокираат патиштата што водат до граничните премини Брњак и Јариње на северот на Косово од летово кога косовските власти се обидоа да пратат нивни цариници и полицајци таму.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG