Достапни линкови

Полска е нeмоќна против грчкото вето


Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски.

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски.

Република Македонија предолго чека пред вратите на ЕУ, но Полска не може да каже кога Грција ќе го повлече ветото, изјави полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, за време на вчерашната седница на Комитетот за надворешни работи при Европскиот парламент.

„Во врска со грчкото вето ги преценувате моите можности. Не знаеме кога може да почнат преговорите“, рече Сикорски, одговарајќи на прашањата од членовите на Групата пријатели на Македонија, европратеникот од Словачка Едуард Кукан и неговиот британски колега Чарлс Танок.

Европратениците, потсетувајќи дека Македонија веќе седум години чека датум за почеток на преговори со ЕУ, што, истакнаа, е премногу долго, прашаа кога може да се очекува Грција да го повлече ветото, и со тоа да престане да ја блокира Македонија и што може Полска како актуелен председавач на Советот на Унијата да направи во врска со тоа.
XS
SM
MD
LG