Достапни линкови

logo-print

Разговори за помирување меѓу Хамас и Фатах


Палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас се сретна со протераниот лидер на Хамас Калед Машал во Каиро, на разговори за помирување меѓу неговата секуларна партија Фатах и исламистичкото движење Хамас.

Настана голем раздор меѓу двете палестински фракции откако Хамас ја презеде контролата врз Појасот Газа во 2007 година и на Абас му ја остави контролата само врз Западниот Брег. Двајцата лидери во мај принципиелно се согласија на договор за единство, но договорот запна поради несогласувањата кој да биде премиер на привремената влада додека да се одржат избори.

Абас ја има поддршката од меѓународната заедница. Хамас победи на изборите во 2006 година, но е мета на бојкот од западните дипломати поради одбивањето да се откаже од насилството, не ги почитува претходните израелско-палестински договори и не го признаваат правото на еврејската држава да постои.
XS
SM
MD
LG