Достапни линкови

Египетската армија се извини за жртвите на демонстрациите


Египетската армија се извини за смртта на демонстранти во судирите со полицијата за време на протестите на кои се бара окончување на воениот режим во земјата. Армијата исто така ветува дека одговорните за насилствата ќе бидат изведени пред суд. Од почетокот на протестите во Каиро во петокот, досега загинале 35 лица. Демонстрантите и натаму се на главниот плоштад во Каиро, а парламентарните избори во Египет, први по соборувањето на Хосни Мубарак, се закажани за 28-ми овој месец.
XS
SM
MD
LG