Достапни линкови

Франција се залага за безбедносна зона во Сирија


Франција повика на формирање безбедносна зона за заштита на цивилите во Сирија. Францускиот министер за надворешни работи Ален Жупе ја отфрли можноста од воена интервенција во северна Сирија, но оцени дека со безбедносна зона би можело да се заштитат цивилите и да се отвори коридор за доставување хуманитарна помош. Жупе исто така оцени дека сиријскиот опозиционен Национален Совет е легитимен партнер со кој треба да се соработува.
XS
SM
MD
LG