Достапни линкови

Воени злосторства во Либија и од двете страни


Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун соопшти дека поранешните либијски бунтовници држат во заробеништво околу 7 илјади лица, повеќето од нив суб-сахарски африканци. Според извештајот на ОН, некои затвореници биле изложени на тортура поради бојата на кожата, жените биле под надзор на машки чувари, а децата биле затворани во исти простории со возразни. Бан Ки Мун исто така оцени дека има вознемирувачки извештаи за сторени воени злосторства и од бунтовниците и од владините сили во градот Сирте, каде што беше убиен либијскиот лидер Гадафи.
XS
SM
MD
LG