Достапни линкови

Нов состанок за кризата во Еврозоната


Лидерите на Франција, Германија и Италија денеска ќе се сретнат на разговори за должниката криза во Еврозоната.
Францускиот претседател Николас Саркози и германскиот канцелар Ангела Меркел би требало да ја дадат својата подршка за новиот премиер на Италија Марио Монти на состанокот во Стразбург. Франција и Германија и натаму имаат поделени мислења за најдобриот начин за справување со кризата.
Стравувањата за ефектите од потресите во еврозоната се интензивираа во средата кога нервозните германски инвеститори покажаа слаб интерес за аукција на германски државни записи, поради што вредноста на еврото падна во однос на американскиот долар.
XS
SM
MD
LG