Достапни линкови

Франција бара одредување на безбедносна зона во Сирија


Сирија, деновиве

Сирија, деновиве

Франција побара поставување на “безбедносна зона” за заштита на цивилите во Сирија. Францускиот министер за надворешни работи Алан Жупе одби воена интервенција за создавање на тампон зоната во северот на Сирија, но предложи поставување на безбедносна зона во која би се штителе цивилите и би имало непречена достава на хуманитарна помош. Жупе исто така го опиша опозицискиот Национален совет како “партнерот со кој би сакал да соработува”. Обединетите нации проценуваат дека 3.500 луѓе загинале во востанието во земјата кое трае осум месеци.
XS
SM
MD
LG