Достапни линкови

Свечено отворање на гасовод од Туркменстан до Кина


Претседателот на Туркменстан Гурбангули Бердимухамедов денеска ја продолжува четиридневната поста на Кина, каде ќе присуствува на свечено отворање на гасовод кој ја снабдува Кина со туркменстански гас. Гасоводот долг 8.700 километри почна со работа во јуни, со што се зајакнаа врските меѓу двете земји. Во средата Кина и Туркменстан потпишаа договор согласно кој се зголемува снабдувањето на туркменстански гас во Кина за 25 милијарди кубни метри годишно.
XS
SM
MD
LG