Достапни линкови

Салех отстапува од власт откако доби имунитет од гонење


Претседателот на Јемен Али Абдула Салех.

Претседателот на Јемен Али Абдула Салех.

Претседателот на Јемен Али Абдула Салех и опозицијата денеска потпишаа договор за трансфер на власта во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад. Според договорот, потпишан под посредништво на арапските држави како начин за решавање на кризата во земјата, власта ќе ја преземе заменикот на Салех, а поранешниот претседател ќе добие имунитет од кривично гонење. Тој владееше со Јемен 33 години. Се проценува дека за време на протестите за соборување на Салех биле убиени стотици луѓе, а илјадници беа повредени.
XS
SM
MD
LG