Достапни линкови

Тони Блер - советник на казахтанскиот претседател Назарбаев


Казахтанскиот претседател Нурсултан Назарбаев.

Казахтанскиот претседател Нурсултан Назарбаев.

Казахтанскиот претседател Нурсултан Назарбаев денеска се сретна со Тони Блер во главниот град на Казахстан Астана, откако поранешниот британски премиер беше именуван за советник во оваа централноазиска земја. Во соопштението од претседателскиот кабинет се вели дека тие разговарале „за прашања за развивање целосна програма за модернизација на Казахстан“. Исто така се разговарало и за меѓународни прашања, вклучително и за ситуацијата во Европската унија и на Блискиот Исток.

Минатиот месец, Казахстан потврди дека го ангажирал Тони Блер како консултант за привлекување нови инвестиции и да помогне за модернизирање на државата. Договорот со Блер наводно вреди милиони долари.
XS
SM
MD
LG