Достапни линкови

Слаб интерес за германските обврзници


Германија денеска ја имаше најлошата продажба на обврзници од кога го користи еврото, поради големата загриженост на инвеститорите за стабилноста на евро-зоната. Германија продала 10-годишни обврзници во вредност од 3,6 милијарди евра, иако се надеваше дека ќе продаде 6 милијарди. Германија е најсилна економија меѓу 17-те членки на евро-зоната. Дел од аналитичарите стравуваат дека денешната разочарувачка аукција може да значи дека должничката криза се шири кон срцето на евро-зоната.
XS
SM
MD
LG