Достапни линкови

Медведев - Ќе ги насочиме проектилите кон американскиот ракетен штит


Рускиот претседател Дмитриј Медведев.

Рускиот претседател Дмитриј Медведев.

Рускиот претседател Дмитриј Медведев изјави дека Русија ќе ги насочи своите проектили кон локациите каде што ќе биде поставен американскиот ракетен штит во Европа, ако САД не ги решат проблемите со Москва која е загрижена поради плановите за распоредување на противракетниот систем. Во денешното телевизиско обраќање, Медведев рече дека Русија може да распореди ракети во својата најзападна ексклава Калининград, ако САД и Русија не постигнат договор за американските планови да го распоредат ракетниот штит во Европа до 2020 година.

Тој додаде дека Русија би можела да отстапи од договорот со САД за контрола на нуклеарното оружје и да ги прекине другите разговори за контрола на оружјето, ако Вашингтон продолжи со своите планови.

САД велат дека штитот е неопходен за заштита од потенцијални закани како што е Иран, но Русија вели дека тоа ќе го ослабне нејзиниот нуклеарен арсенал.
XS
SM
MD
LG