Достапни линкови

logo-print

Почина избодениот азербејџански новинар и писател Рафик Таги


Азербејџанскиот писател и новинар Рафик Таги во болница по нападот.

Азербејџанскиот писател и новинар Рафик Таги во болница по нападот.

Азербејџанскиот писател и новинар Рафик Таги, кој беше избоден со нож во саботата, денеска почина во болница во Баку. Таги беше критичар на азербејџанската влада, на политичкиот ислам и на Иран. Тој бил избоден седум пати доцна во саботата кога се враќал кон дома.

Во интервју за Радио Слободна Европа, само неколку часа пред да почине, Таги рече дека состојбата му е стабилна.

„Мојата состојба е тешка и стабилна. Стабилна и тешка, но не се влошува.“

Во 2007 година, окружниот суд во Баку го осуди Таги на 3 години затвор поради текст објавен во 2006 година во кој го критикува исламот и пророкот Мухамед. Поради текстот, иранскиот свештеник, великиот ајатолах Фазел Ланкарани фрли фатва врз Таги, повикувајќи на негово убиство.

Иранската амбасада во Баку вчера испрати соопштение во кое негира каква била инволвираност во нападот врз Таги.
XS
SM
MD
LG