Достапни линкови

Бесими - Македонија е целосно подготвена за НАТО


Министерот за одбрана Фатмир Бесими.

Министерот за одбрана Фатмир Бесими.

Македонија е целосно подготвена, направени се сите реформи согласно НАТО стандардите, вклучувајќи ги тука и мировните мисии и сме максимално подготвени за полноправно членство во Алијансата, изјави министерот за одбрана Фатмир Бесими, одговарајќи на прашање какви се очекувањата од претстојниот Самит на НАТО што треба да се одржи во мај идната година во Чикаго.
На новинарско прашање дали има билатерални средби и индивидуални ветувања од земји - членки на НАТО за поддршка, Бесими повтори дека граѓаните на Македонија треба да бидат сигурни дека ќе се направат максимални ангажмани во сите аспекти, за земјата да може да стане полноправна членка на достоинствен начин.
XS
SM
MD
LG