Достапни линкови

logo-print

Јавните аукции - „легална корупција“


Фирмата на Марјан Јованов, поранешен директор на Дирекцијата за нафта, преку аукција доби атрактивна градежна парцела наменета за катна гаража по само 71 денар за метар квадратен.

Фирмата на Марјан Јованов, поранешен директор на Дирекцијата за нафта, преку аукција доби атрактивна градежна парцела наменета за катна гаража по само 71 денар за метар квадратен.

Според експертите, јавните аукции за продажба на државно градежно земјиште се всушност „легална корупција“ и начин за богатење на лица од власта.

„Легална корупција“. Овој термин најдобро ги опишува јавните аукции на државното градежно земјиште, вели универзитетскиот професор Ванчо Узунов. Според него не е спорно дека постапките се законски и се почитуваат сите правни процедури, но проблематична е содржината на законите, особено кај аукциите за продажба на државно земјиште каде што почетната цена е едно евро, посочува Узунов.

„Таа идеја за почетна цена од едно евро, божем наддавањето ќе ја качи цената ако има интерес бидејќи имало јавен интерес итн, тоа е едно такво лажење на луѓето да дури и невкусно е. Зошто не се појде од сто евра па да се намали цената, значи очигледно имаме злоупотреба на овластување, ама се е законски и така е подготвен законот и процедурата за да биде се по закон и формално правно велат, се е фер, нема корупција, а всушност де факто е злоупотреба на моќ.“

Кај ваквите јавни аукции нормално е да има сомневање дека нешто е договорено и дека на јавното наддавање ќе победи фирма која е блиска до властите, вели Узунов. Таквите сомневања во јавноста ги демотивира странските фирми да учествуваат на јавна аукција за која однапред постојат индикации дека е наместена, вели Узунов.

„И тоа не да ги одвраќа странците, туку трајно ги одвраќа странските инвеститори кои почнуваат да викаат, е добро оваа држава треба да ја заобиколиме што повеќе.“

Сомневањата во јавноста ги демотивира странските фирми да учествуваат на јавна аукција за која однапред постојат индикации дека е наместена, вели Узунов.

Сомневањата во јавноста ги демотивира странските фирми да учествуваат на јавна аукција за која однапред постојат индикации дека е наместена, вели Узунов.


И според поранешниот антикорупционер Драган Малиновски поразителни се сознанијата дека атрактивни локации во земјата се непривлечни за странските инвеститори.

„Се јавуваат по еден или двајца и тоа обично секогаш некои блиски до власта и кои успеваат да ги добијат овие локации.“

За случајот со продажбата на атрактивна градежна парцела наменета за катна гаража по само 71 денар за метар квадратен, која ја доби фирмата на Марјан Јованов, поранешен директор на Дирекцијата за нафта, надлежен орган за контрола на постапката е Министерсвото за транспорт и врски. Последната инстанца на која понудувачите кои сметаат дека се обесправени можат да се жалат е судот, велат упатените.

Опозицискиот СДСМ вчера обвини дека јавните аукции за продажба на државно градежно земјиште се инструмент за богатење на лица блиски до власта. Од ВМРО-ДПМНЕ експресно одговорија дека случајот со земјиштето кое го доби фирмата на Јованов е спроведен преку целосно и доследно почитување на законите и на исклучиво транспарентен начин. Од партијата на власт велат дека зголемената активност на Министерството за транспорт и врски е со цел обезбедување поголем обем на инвестиции и поттикнување.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG