Достапни линкови

Кина против новите санкции спрема Иран


Кина денеска оцени дека новите санкции на западните земји против Иран дополнително ќе ја влошат ситуацијата околу нуклеарната програма на Техеран. ,,Кина отсекогаш била против еднострани санкции,, прецизира портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Лиу Вејмин. Новите санкции се наочени против банкарскиот и нафтениот сектор, а западните земји ги воведоа откако Меѓународната агенција за атомска енергија за прв пат изрази сомнеж дека иранската нуклеарна програма има и воена димензија.
XS
SM
MD
LG