Достапни линкови

Во Сирија убиени најмалку 28 цивили


Сиријски активисти за човекови права соопштија дека најмалку 28 цивили биле убиени вчера во градовите Хама и Хомс. Во меѓувреме, Комитетот на Обединетите нации за човекови права усвои резолуција со која се осудува претседателот Башар ал Асад за бруталното задушување на протестите против неговиот режим. Сиријскиот амбасадор во Светската организација Башар Џафари ги обвини Британија, Франција и Германија дека водат медиумска, политичка и дипломатска војна против Сирија.
XS
SM
MD
LG