Достапни линкови

logo-print

ОН: во Авганистан не се спроведува законот за правата на жените


Кабул

Кабул

Во најновиот извештај на Обединетите нации се оценува дека владата во Авганистан не успела да го спроведе веќе две години стариот закон за заштита на жените од силувања, принудни бракови и тргување со нив. Во извештајот се додава дека меѓу март 2010 и март оваа година, обвинителите отвориле 594 истраги за злоупотреба на жените, што е само 26 насто од скоро 2 илјади и 300 пријавени случаи. Во некои од постапките, како што се наведува, дошло и до повлекување на обвинувањата поради застрашувања на жртвите.
XS
SM
MD
LG