Достапни линкови

Анкара веќе не му верува на сирискиот претседател


Претседателот на Турција Абдула Ѓул

Претседателот на Турција Абдула Ѓул

Претседателот на Турција Абдула Ѓул изјави синоќа во Лондон дека Анкара нема да остане индеферентна кон сириската криза и оти ќе ги поддржи барањата на Сиријците. Во разговор за Би Би Си претседателот Ѓул рече дека во Сирија се потребни фундаментални реформи, но оти Турција веќе не му верува на својот доскорешен сојузник, Башар ал Асад. Турскиот претседател Ѓул се наоѓа во тридневна официјална и државна посета на Британија, како гостин на кралицата Елизабета, а вчера разговараше со премиерот Дејвид Камерон.
XS
SM
MD
LG