Достапни линкови

Јеменскиот претседател ја предава власта


Али Абдула Салех

Али Абдула Салех

Јеменската државна телевизија објави дека претседателот Али Абдула Салех пристигнал во Саудиска Арабија за да го потпише договорот за трансфер на власта што е постигнат со посредство на Арапската лига. Според договорот, Салех кој веќе 33 години владее во Јемен, ќе ја предаде власта во замена за имунитет од судење. Десетици илјади демонстранти неколку месеци бараа оставка на Салех при што безбедносните сили убиле стотици луѓе.
XS
SM
MD
LG