Достапни линкови

Египетските демонстранти ги одбија предлозите на војската


Протестите на плоштадот Тахрир во Египет

Протестите на плоштадот Тахрир во Египет

Иладниците демонстранти кои го окупираа плоштадот Тахрир во Египет најверојатно ги одбиле новите предлози кои им ги понуди војската со цел да се стави крај на немирите во земјата.
Во телевизиско обраќање првиот човек на воениот совет фелдмаршал Хусеин Тантави вчера побара изборите за претседател да се спроведат во првата половина на наредната година. Тој исто така даде и серија на други предлози за што побрза промена на воениот режим.
Војската претходно планираше да остане на власт до 2013 година, но демонстрантите бараат таа да си оди.
XS
SM
MD
LG