Достапни линкови

logo-print

Влада на „национален спас“ во Египет


Судири меѓу владините сили и демонстрантите во Каиро.

Судири меѓу владините сили и демонстрантите во Каиро.

Воената хунта во Египет се согласила за формирање нова влада на национално единство, информираат египетски политичари. Абу ал-ала Мади и Мохамед Селим ел-Ава, двајца политичари што присуствуваа на кризниот состанок со воените власти, соопштија дека Воениот совет ја прифатил оставката на владата на премиерот Есам Шараф и оти ќе се формира влада на „национален спас“. Сепак, не се соопштуваат детали од договорот.

Се очекува, шефот на владејачкиот Воен совет, фелдмаршал Хусеин Тантави денеска да и се обрати на нацијата.

Во протестите што почнаа во Египет во саботата загинаа 24 луѓе, а повеќе од 1.200 се повредени.
XS
SM
MD
LG