Достапни линкови

Романскиот парламент изгласа еутаназија на бездомните кучиња


Заловување бездомни кучиња во Букурешт.

Заловување бездомни кучиња во Букурешт.

Романскиот парламент денеска го усвои законот со кој се легализира еутаназијата на илјадници бездомни кучиња кои се на улиците на главниот град и другите градови.
Законот беше донесен со 168 гласови „за“ и 111 „против“ и за да стапи на сила треба да го потпише уште претседателот Трајан Басеску.

Законот беше донесен по повеќе од 10 години од почетокот на кампањата за стерилизација што чинеше повеќе од 18 милиони долари а донесе само ограничен успех.

Локалните и странските организации за заштита на правата на животните со месеци лобираат против законот.

Се проценува дека само во Букурешт живеат околу 50.000 бездомни кучиња.
XS
SM
MD
LG