Достапни линкови

Заплената дрога во акција - „Депо“


Засега три лица уапси МВР во синоќешната акција „Депо”. Лицата користеле изнајмен стан во центарот на Скопје како депо за складирање дрога.

Три килограми хероин, дванаесет килограми марихуана, околу 1.000 таблети екстази и дополнителни наркотични супстанции заплени МВР при синоќешната акција „Депо“ во стан зад студенскиот дом Кузман Јосифовски Питу во Скопје. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска вели дека приведените лица полицијата ги следела подолго време.

„Меѓутоа транспортот на хероинот се случи токму вчера и затоа проценивме дека тоа е вистинскиот момент да се пресече оваа група и откривме во станот голема количина на дрога од различни типови.“
Откриена дрога во стан во Скопје,вторник, 11 ноември,2011
Откриена дрога во стан во Скопје,вторник, 11 ноември,2011

Станот во кој била пронајдена дрогата бил неколку месеци изнајмен под кирија и приведените го користеле само за дистрибуција на дрога, која најверојатно била наменета за улична продажба.

Според Јанкулоска во моментов се уште траат активностите и не се знае точно колку лица биле вмешани во трговијата со наркотици.

„Дрогата претпоставуваме дека е наменета за продажба во Скопје, односно за улична продажба.
Бројот на лицата дополнително ќе го утврдиме бидејќи во моментов уште течат разговорите и проверките и веднаш кога ќе ја имаме финалната информација ќе информираме.“

Во изминатиов викенд полицијата на автопатот Тетово-Скопје при преглед на возило пронајде речиси девет килограми марихуана, при што две лица беа приведени.
Додека пак во акцијата „Техно“ полицијата пресече меѓународен канал на трговија со дрога на релација Бугарија, Македонија и Косово, при што беа заплени околу десет илјади таблети екстази.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG