Достапни линкови

Визната либерализација може да се преиспита


Архивска фотографија: Депортирани македонски баратели на азил се враќаат дома.

Архивска фотографија: Депортирани македонски баратели на азил се враќаат дома.

Визната либерализација може да биде ставена на разгледување, предупредија владите на државите членки на Европската унија, се наведува во документ од комесарот за човекови права на Советот на Европа, Томас Хамарберг.

Бројот на граѓани од Балканот кои се упатуваат во европски држави и бараат азил значително се зголемил откако ЕУ се согласи на патувања без визи. Во 2010 година, првата година по визната либерализација, Шведска прими 7.900 молби од српски граѓани, а Германија и Франција соодветно 6.500 и 5.800. Речиси сите одлуки беа отфрлени, се додава во документот.

Македонската Влада донесе одлука за криминализирање на злоупотребата на слободниот визен режим со ЕУ додека и други држави од регионот преземаа слични чекори за да се спречи патувањето на одредени граѓани во држави од ЕУ.
XS
SM
MD
LG