Достапни линкови

logo-print

Конституиран новиот парламент во Тунис


Поддржувачи на умерено исламистичката партија Енахда ја слават изборната победа на 25 октомври 2011 година.

Поддржувачи на умерено исламистичката партија Енахда ја слават изборната победа на 25 октомври 2011 година.

Новото демократски избрано собрание во Тунис денеска ја одржа конститутивната седница, 10 месеци по народното востание кое го оконча повеќедеценискиот режим на соборениот претседател Зин Ел Абидин Бен Али.

Првите слободни избори по 23-годишното владеење на Бен Али се одржаа минатиот месец. Победи умерено исламистичката партија Енахда, што порано беше забранета, но не успеа да освои мнозинство во 217-члениот парламент. Според коалицискиот договор, премиерот ќе биде од победничката партија, а претседателот и претседателот на Собранието ќе ги предложат другите две секуларни партии – Конгрес за републиката и Етакатол.

Собранието има рок од една година да донесе нов Устав пред да се оржат наредни избори.
XS
SM
MD
LG