Достапни линкови

И Попоски писма пишува


Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Потег за домашна употреба кој нема да донесе датум за преговори, е иницијативата на министерот Никола Попоски за испраќање писма до шефовите на дипломатии на ЕУ, велат експертите.

Праќањето писма на министерот за надворешни работи Никола Попоски до шефовите на дипломатиите на 27-те земји членки на Унијата нема да ни донесе датум за преговори во декември, категорични се домашните експерти. Обидот на Попоски да ги убедува дипломатите во Брисел дека во интерес на сите земји членки е да се формира европски пристап кој нема да се базира на попречување туку на заедничка соработка, за поранешниот дипломат Нано Ружин е иницијатива за домашна употреба.

„Веќе почнуваме да ги добиваме првите индикатори дека и самите негови колеги, самите министри за надворешни работи сметаат дека адресата е погрешна, дека адресата треба да биде насочена кон Атина, а не кон Брисел, бидејќи токму двата субјекти Атина и Скопје се главните играчи во решавањето на овој проблем.“

Очајнички се потезите на Владата преку писма да се обидуваат да добијат датум за преговори следниот месец, сметаат експертите

Очајнички се потезите на Владата преку писма да се обидуваат да добијат датум за преговори следниот месец, сметаат експертите


За универзитетскиот професор Алајдин Демири, очајнички се потезите на Владата преку писма да се обидуваат да добијат датум за преговори следниот месец. Тоа не е метод на работа на Европската унија, вели тој.

„Во смисла дека еве нешто правиме, се пишуваат тие писма, од кои дури произлегува и понижување на дипломатијата.”

Министерот Попоски вчера изјави дека во писмата става акцент на поттикнување на еден процес кој ќе биде европски и кој ќе се базира на заедничките интереси и соработка, а дека од шефовите на дипломатиите на 27-те земји членки зависи дали ваквиот проект ќе се реализира.

Опцијата - почеток на преговори и решавање на името како два паралелни процеса за Ружин е добра, но неуспешна.
Кога размислуваме за такви иницијати треба исто така да се ставиме во кожата на оној другиот, а доколку попушти тоа значи ќе биде протолкувано како прв пораз на тој субјект и мислам дека во таа насока неможеме да бидеме поголеми оптимисти.


„Кога размислуваме за такви иницијати треба исто така да се ставиме во кожата на оној другиот, а доколку попушти тоа значи ќе биде протолкувано како прв пораз на тој субјект и мислам дека во таа насока неможеме да бидеме поголеми оптимисти.”

Наспроти обидите на Владата да лобира за добивање датум за преговори, европратеникот Јелко Кацин деновиве изјави дека тоа нема да се случи под образложение дека во изминатите шест години Македонија не покажала политичка волја за решавање на прашањето за името и исполнување на сите реформи кои Унијата од нас ги бара.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG