Достапни линкови

logo-print

Владата не се откажува од фискална дисциплина на трговците


Иако претходно падна на Уставен суд, Владата повторно во новите измени на законот за готовинско плаќање се обидува да воведе фискална дисциплина кај трговците.

Дисципилна кај трговците кои не издаваат фискална сметка сака да воведе Владата со новите измени во Законот за готовинско плаќање, иако пред неколку години истиот обид и пропадна на Уставен суд. Според тогашната одлука на судот правилата на пазарот налагаат дека услугата мора да биде наплатена во моментот на предавање на доброто со што се заокружува односот меѓу купувачот и продавачот, односно неможе да купиш нешто без да платиш.

Професор Саво Климовски вели дека Владата има право за иста материја со изменет облик повторно да излезе пред пратенците, иако и судот има право повторно да ја оспори.

„Можеби владата ги вградила укажувањата од Уставниот суд во новата одлука и во тој случај како нова одлука ја доставува до Собранието на усвојувањето, затоа што и смислата на укинувањето на некои форми и одредби на законот со Уставот на РМ за да може Владата односно оној што го предлага законот, да може да се приспособи на тие одредби.”

Професор Осман Кадриу вели дека овој чекор на Владата е со цел да се зголеми евиденција во начинот на плаќање, меѓутоа предлог измените во законот мора да бидат во согласност со Уставот. Според Кадриу, бидејќи владата повторно го покренува прашањето, мора сега измените да се различно уредени.

„Да добие една правна форма оваа регулатива и потоа ќе се види дали навистина има уставна основа или нема. Јас сум на мислење дека потегот од Владата е позитивен и треба да се подржи.”

Владата планира да ги зголеми и казните за трговците кои немаат фискален апарат и што не издаваат фисклана сметка.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG