Достапни линкови

Турција - апсења на милитанти на Ал Каеда и ПКК


Турски војници

Турски војници

Tурската полиција приведе 14 лица под сомнение дека се поврзани со терористичката мрежа Ал Каеда, јави турската државна телевизија.
Осомничените биле приведени денеска во истовремени полициски акции во градот Конија.
Се јавува и за десетици апсења поврзани со Курдската работничка партија ПКК.
Полицијата уапси 65 лица во истовремени акции во југоисточниот град Дијарбекир и во западните градови Истанбул, Измир и Бурса, Весникот „Заман“ претходно информираше за апсења на околу 30 лица во Дијарбекир.
XS
SM
MD
LG