Достапни линкови

До 2021 година Балканот ќе биде дел од Соединетите Eвропски Држави


Балканските земји во 2021 година ќе бидат членки на Соединетите Европски Држави, политички блок што ќе се создаде во Европа по истапувањето на Велика Британија и скандинавските држави од Европската Унија, оценува професорот од американскиот Универзитет „Харвард“, Најал Фергусон во текстот објавен во весникот „Волстрит Џурнал“.
Фергусон оценува дека десет години по големата глобална економска криза Европа ќе изгледа многу поразлично од денес. Според него, во 2021 година Европа ќе биде поделена на четири блока - Русија, Велика Британија, Нордиска Лига и Соединети Европски Држави.
Американскиот професор оценува дека Британија и скандинавските земи. кои и онака имаат воздржан став кон плановите за спас на земјите од еврозоната кои се соочуваат со должничка криза ќе излезат од Унијата
Тој оценува дека и Германија ќе продолжи со политиката за натамошно проширување на ЕУ и веќе во 2014 година ќе успее да убеди 21 од сегашните членки на Унијата да формираат нов блок наречен Соединети Европски Држави. Според американскиот професор новиот европски блок, чие седиште ќе се премести од Брисел во Виена, до крајот на оваа деценија ќе брои 28 членки, бидејќи ќе ги прими и преостанатите држави од поранешна Југославија - Македонија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Хрватска и Црна Гора. Конечната бројка на членките на СЕТ ќе достигне 29, како резултат на распадот на Белгија на Фландрија и Валонија, проценува Фергусон.
Американскиот професор меѓу останатото предвидува дека и покрај големите потреси еврото ќе преживее.
XS
SM
MD
LG