Достапни линкови

Честитка од претседателот Иванов по повод Денот на албанската азбука


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по повод 22 ноември, Денот на албанската азбука, денеска упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница.
На Конгресот во Битола пред 103 години, албанскиот народ конечно го заврши макотрпниот пат до конечна унифицирана азбука, отворајќи ново поглавје во својот национален и културен развој. Во оваа пригода, би сакал да упатам порака до Вас и до сите граѓани на Република Македонија дека азбуките и јазикот се основните елементи на националното идентификување, но и исто така и мост за соживот, меѓусебно разбирање и толеранција, се вели во честитката од претседателот.
XS
SM
MD
LG