Достапни линкови

logo-print

Голем пожар во Тирана


Mагацин со пиротехнички средства и детски играчки, најмалку една станбена куќа и 25 продавници целосно изгореа синоќа во пожар во албанскиот главен град Тирана.
МИА од Тирана јави дека пожарот набрзо се проширел и на соседните објекти, по што е спроведена евакуација на жителите од поширокото подрачје, но дека нема повредени.
Како што изјави албанскиот заменик-министер за внатрешни работи Фердинад Пони, во гаснењето на пожарот биле вклучени повеќе од 200 пожарникари од Тирана, Лежа, Драч и Каваја, припадници на армијата и голем број граѓани.
Причината за избувнувањето на пожарот засега не е позната.
XS
SM
MD
LG