Достапни линкови

Кредитниот рејтинг на САД нема да се намали


Двете светски рејтинг агенции Стандард анд Пур и Мудис објавија дека не планираат да го намалат кредитниот рејтинг на САД затоа што Супер Комитетот на Конгресот не постигна договор за редукција на американскиот долг.

Демократите и Републиканците во Комитетот не се согласија да постигнат договор за намалување на долгот, кој сега изнесува над 15 билиони, за 1,2 билиони во следните 10 години.

По оваа вест берзата на Доу Џонс падна за над 2 процента а реагираше и токиската берза поради стравот од американската и европската должничка криза.
XS
SM
MD
LG