Достапни линкови

logo-print

Нови санкции против Иран


Тимоти Гејтнер

Тимоти Гејтнер

Западните сили, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Канада, објавија нови санкции против Иран, кои се насочени кон енергетскиот и банкарскиот сектор на оваа земја, со што се зголемува притисокот поради иранската нуклеарна програма. Официјален Вашингтон го нарече Иран главна компанија за перење пари, но ги запре обидите за целосни санкции против иранската централна банка. Објавувајќи ги санкциите, американскиот секретар за финансии Тимоти Гејтнер истакна дека банките во светот треба да бидат внимателни кога имаат бизнис со Техеран, бидејќи на тој начин можеби и помагаат на неговата нуклеарна програма.
Претходно претседателот Барак Обама во писмена изјава нагласи дека Иран го одбрал патот на меѓународна изолација, додавајќи оти САД и нивните сојузници ќе го продолжат притисокот против иранскиот режим.
XS
SM
MD
LG