Достапни линкови

logo-print

Предлог резолуција за кршење на човековите права во Иран


Комитетот за права на Генералното собрание на ОН ја усвои резолуцијата која ги осудува кршењата на човековите права во Иран. Резолуцијата, претставена од Канада, доби 86 гласа „за“, 32 против, а 59 беа воздржани. Во текстот се осудува тортурата и суровоста, нехуманиот и деградирачки третман или казнување, вклучувајќи камшикувања и ампутации, спроведувани од иранските власти. Се изразува жалење и за драматичниот пораст на примената на смртната казна. Мохамед Џавад Лариџани, советник на Врховниот ирански лидер Али Хамнеи, изјави дека резолуцијата е апсолутно неоснована и срамно исфабрикувана врз неосновани тврдења и е целосно бесмислена.
Необврзувачката резолуција треба да биде потврдена со гласањето на пленарна седница на Генералното собрание, закажана за идниот месец.
XS
SM
MD
LG