Достапни линкови

logo-print

Продолжува дијалогот Белград-Приштина


Борислав Стефановиќ

Борислав Стефановиќ

Денеска во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина, а на дневен ред ќе биде обидот за наоѓање компромис за граничните премини меѓу Косово и Србија. Шефот на српскиот преговарачки тим Борислав Стефановиќ изјави дека вчера била постигната согласност за заемно признавање на универзитетските дипломи. Тој истакна дека има напредок и кон спогодбата за учество на Косово на регионални форуми, но додаде оти Приштина во врска со тоа и натаму инсистира на признавање на елементите на државноста, па затоа сеуште не се знае дали е можен конечен договор.
XS
SM
MD
LG