Достапни линкови

Во Вашингтон трибина за Западен Балкан


Мирослав Лајчак, еден од учесниците на трибината

Мирослав Лајчак, еден од учесниците на трибината

Центарот за стратегиски и меѓународни студии (ЦСМС) од Вашингтон денеска организира трибина „Време за промени, нов трансатлантски пристап за Западен Балкан“, на која ќе стане збор за ситуацијата на просторот на Југоисточна Европа и предизвиците со кои се соочува регионот. Учесниците ќе имаат излагања за ситуацијата во Косово, во БиХ, како и за европските интеграции на Србија.
На трибината ќе учествуваат поранешниот висок претставник на ЕУ за БиХ Мирослав Лајчак, претседателот на Социјалдемократската партија на БиХ Златко Лагумџија и лидерот на движењето Самоопределување од Приштина Албин Курти. Излагање ќе имаат и директорот на Програмата за Европа на ЦСМС Хедер Конли, директорот на Програмата за јакнење на мирот и човековите права на Универзитетот Колумбија Дејвид Филипс и директорот на проектот Нова европска демократија во ЦСМС Јанош Бугајски.
XS
SM
MD
LG