Достапни линкови

Британска финансиска блокада за Иран


Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн.

Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн.

Британската влада наметна нови санкции против Иран поради нуклеарната програма на Техеран со тоа што ги прекина сите врски меѓу британскиот финансиски сектор и иранските банки. Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн соопшти дека од денеска сите британски кредитни и финансиски институции треба да ги прекинат сите трансакции со иранските банки, вклучително и со Иранската централна банка. Неименуван извор од американската влада, за агенцијата Асошиејтед прес, изјавил дека и САД денеска ќе воведат нови санкции кон Иран.
XS
SM
MD
LG