Достапни линкови

logo-print

Почна новата рунда преговори Белград - Приштина


Шефовите на преговарачките тимови на Белград и на Приштина, Борислав Стефановиќ и Едита Тахири.

Шефовите на преговарачките тимови на Белград и на Приштина, Борислав Стефановиќ и Едита Тахири.

Почна нова рунда од преговорите за технички прашања меѓу Белград и Приштина во седиштето на Европската унија во Брисел, клучен услов за евроинтеграциите на Србија.

Шефот на преговарачкиот тим на Белград, Борислав Стефановиќ пред почетокот на разговорите изјави дека е оптимист оти во оваа рунда ќе се најдат решенија за универзитетските дипломи, учеството на Приштина во регионалните собири, како и за граничните премини. Стефановиќ изјави дека во овој момент постојат мали шанси да се постигне договор околу телекомуникациите и електричната енергија и рече дека разговорите најверојатно ќе продолжат и во текот на утрешниот ден.

Шефот на преговарачкиот тим од Приштина Едита Тахири изјави дека очекува да биде остварен напредок во дијалогот, особено во однос на граничните премини. Таа изрази жалење затоа што, според неа, Србија досега применила само еден од пет постигнати договори во претходните преговори и тоа само тој за слободна трговија.
XS
SM
MD
LG