Достапни линкови

Тензии меѓу Ерменија и Азербејџан за Нагорно-Карабах


Планинскиот пејзаж на Нагорно-Карабах.

Планинскиот пејзаж на Нагорно-Карабах.

Ерменија се закани дека ќе се одмазди за смртта на двајца војници, етнички Ерменци, кои беа убиени викендов од азербејџански снајперист во спорната отцепена енклава Нагорно-Карабах. Портпаролот на ерменското министерство за одбрана рече дека одмаздата ќе биде „непропорционална“. Неговиот азербејџански колега, пак, изјави дека престрелката на границата била испровоцирана од Ерменците.

Нагорно-Карабах е планинска област во Азербејџан, но по војната меѓу двете земји во 90-тите, областа е под контрола на Ерменците што живеат таму и на ерменската војска. Често има прекршување на примирјето од 1994 година.
XS
SM
MD
LG