Достапни линкови

logo-print

Либерализацијата ќе ја поскапи струјата


Либерализацијата на пазарот на електрична енергија би можело да предизвика поскапување на струјата, сметаат упатените.

За Јануари догодина се најавува усвојување на измени и дополнувања на Законот за енергетика, а либерализацијата на пазарот е предвидено да се заокружи со домаќинствата во 2015 година. За сега е нејасно дали и кога би можела да поскапе електричната енергија за фирмите и домаќинствата. Цените ќе мора да се услогласат со оние во земјите од регионот, вели професорот Константин Димитров.

„Бидејќи сепак се уште во Македонија се пониски во однос на тие во регионот, со други зборови, ќе значи покачување на цената на електричната енергија.“

Нафтата и природниот гас кај нас веќе се продаваат по европски цени, вели Димитров.

„И сега електричната енергија кога ќе дојде како усогласување ќе се случи следново, нашите производители на електричната енергија ако може да ја продаваат таа енергија на пазарот на други потрошувачи или купувачи наместо да продаваат во нашата мрежа, 30 евра саат, тогаш ќе продаваат по 50 евра колку што е денешната цена.”

Со слична констатација и професорот Атанаско Туневски. Ако се либерализира пазарот, сметките за струја може да се зголемат.

„Ние можеме да имаме електрична енергија за домаќинствата само ако се создадат нови капацитети во државна сопственост кои ќе даваат поевтина електричната енергија, инаку самата либерализација на електричната енергија не значи поевтина електрична енергија, туку напротив поскапа.“

Туневски потсетува дека струјата неколкукратно е поскапена во изминативе неколку години.

„Иако на пазарот на електрична енергија можеби е помала и помала е во однос на 2007 година, во пракса домаќинствата сега плаќаат можеби и двојно повисока цена во споредба со 2007-2008 година, мислам дека во просек сите плаќаме 80, а ако не и 100% повеќе.“

Инаку вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, запрашан за можното поскапување на струјата со либерализацијата на пазарот, рече дека постои програма за енергетска сиромаштија преку која на социјалните случаи им се помага за покривање на дел од трошоците за енергетските услуги.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG