Достапни линкови

Специјална програма за мултиталентирани деца


„Brainobrain“, специјална програма за работа со мултиталентирани деца односно развивање на генијалноста кај децата, од пред една година е присутна и во Македонија.

Работа со мултиталентирани деца, или препознавање и развивање на генијалноста кај децата со интернационалната програма „браинобраин“ и методата „абацус“, од пред една година е присутна и во Македонија.Со канцеларија во Скопје и специјална настава во неколку градови, меѓу кои и Охрид, е дел од детската светска академија браинобраин, со седиште во Индија со која изминатава деценија се опфатени повеќе од 75 илјади деца низ светот, на кои им го трансфомира животот на сите меридијани.

„Станува збор за развивање на способностите и вештините кај децата од четири до четиринаесет години за развивање на концентрацијата, брзината, меморијата, слушачките способности, комуникацијата, развивање на личноста, креативноста, визуелизацијата и сите потребни вештини на детето до едно генијално ниво да се формира како еден иден лидер на својот живот. Браинобраин е воншколска активност што се базира на две методологии. Како главна алатка се користи „абацус“, старата кинеска сметалка. Станува збор за менталната аритметика која учи преку абакусот и добро познатите „вак“ методи, или примање на информациите преку визуелно, аудитивно и кинестетичките нервни патишта. Исто така станува збор за „нлп“ методологијата, или во светот доста позната како наука за процесот за мислењето. Конкретно во делување на комуникациските вештини кај децата, самосвесноста и развивање на самодовербата и развој на личноста“,вели Марија Милошеска, психолог од Охрид

Таа е едукатор за оваа програма, за што две години се обучуваше во центарот во Дубаи, а сега со тим на социолози и педагози работи во лиценцираниот центар браинобраин интернешнл Македонија во Скопје, надлежен за регионот на Балканот. За програмата која трае три години, има интерес и кај децата во земјава, вели Милошеска.

„Меморијата кај луѓето се знае дека е до седум објекти, а овде се меморираат многу повеќе, со една голема брзина. Станува збор за мултиталентраност, или работење на повеќе активности во исто време, бидејќи се создава една целосна мозочна активност, или истовремено вклучување на левата и десната хемисфера и нивна балансираност. Така дечињата можат истовремено да пеат, да собираат ментално високи суми и компелексни математички операции, а во исто време да гледаат и да одговараат на различни прашања, што ја претставува нивната мултиталентораност“,објаснува Милошеска.

Таа потенцира дека оваа програма е за сите деца независно од нивото на интелегенција, од кои низ работа и тренинг се извлекуваат скриените вештини и потенцијалната генијалност. Основната цел на браинобраин, според Милошеска, е активноста на децата на секое поле да се развие до 80 одсто, со што тие ќе имаат поголема самодоверба и ќе се изградат во здрави и самостојни личности, лидери на сопствениот живот, со подобра иднина.
XS
SM
MD
LG