Достапни линкови

Власта и опозицијата без договор за Работна група за случајот „Бошкоски“


Власта и опозицијата веќе 13 дена не можат да се договорат кој да има мнозинство во Работната група која треба да направи увид во документацијата на МВР за тоа како бил следен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

Власта бара Работната група да биде составена од двајца членови на парламентарното мнозинство и еден од опозицијата. Опозицијата, пак, останува на заклучокот кој беше донесен на минатата седница на Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите од страна на Министерствата за внатрешни работи и за одбрана, членови на Работната група да бидат Тања Томиќ од СДСМ, Николче Ацески од НСДП и Талат Џафери од ДУИ или Павле Саздов од ВМРО–ДПМНЕ.

На денешната седница на Комисијата, Павле Саздов од ВМРО-ДПМНЕ рече дека опозицијата има мнозинство во Комисијата, па затоа во Работната група треба двајца членови да бидат на парламентарното мнозинство. Според Орхан Ибраими од ДПА и Тања Томиќ од СДСМ, опозицијата е коректор на власта и токму поради тоа двајца членови на Работната група треба да бидат од опозицијата.
XS
SM
MD
LG