Достапни линкови

Авганистанска истрага за убиство се шири и во Пакистан


Поранешниот авганистански претседател Бурханудин Рабани.

Поранешниот авганистански претседател Бурханудин Рабани.

Авганистан ќе испрати официјална делегација во Пакистан да го истражи убиството на мировниот пратеник од Кабул, поранешниот авганистански претседател Бурханудин Рабани, информира портпаролот во претседателскиот кабинет, Аимал Фаизи. Тој рече дека Пакистан се согласил да ја прими делегацијата составена од претставници на министерствата за одбрана и за внатрешни работи и од разузнавачките служби.

Атентатот на Рабани пред неговиот дом во Кабул ги замрзна напорите за мировни разговори со Талибанците во Авганистан. Според властите во Кабул, убиството било планирано во Пакистан и извршено од пакистански бомбаш-самоубиец.

Пакистан на почетокот одби да соработува во истрагата, но прифати да ја прими делегацијата од Кабул по притисокот од авганистанските и од турските власти.
XS
SM
MD
LG