Достапни линкови

Рускиот конзул „мртов пијан“ возел во Полска


Илустрација: Гдањск во зима.

Илустрација: Гдањск во зима.

Полската полиција информира дека го запрела рускиот конзул во земјата поради чудно возење, при што констатирала дека во неговата крв има 15 пати повеќе алкохол од дозволеното за да може да вози. Сепак, полицијата не можела да го уапси поради дипломатскиот имунитет. Не се соопштува идентитетот на дипломатот. Конзулот бил уапсен во Гдањск со 3 промили алкохол во крвта. По запирањето, полицијата го повикала службениот возач на конзулот да го врати дома. Во Полска е дозволено возачот да има до 0,2 промили алкохол.
XS
SM
MD
LG